Партизан се огради од гнасните навреди кон Кукоч и Раѓа, па нападна дел од своите навивачи!

Хрватските кошаркарски легенди, Тони Кукоч и Дино Раѓа, беа гости на Партизан на мечот од Евролигата против Олимпијакос одигран кон крајот на март, кога во преполната белградска арена добија неколку минутни овации од навивачите, но очигледно за само две недели нешто драстично се смени.

Легендарното хрватско дуо не беше на мечот, но повторно сите зборуваат за нив. Гробари за време на натпреварот ги навредуваа Кукоч и Раѓа, а потоа подигнаа транспарент поврзан со хрватската репрезентација која го напушти подиумот на Евробаскетот во Атина во 1995 година по освојувањето на бронзениот медал, додека СР Југославија дојде до титулата на истото натпреварување.

„Клубот им припаѓа на тие што живеат од него, а не на кретените кои се воодушевуваат на атмосферата. И никогаш нема да се правиме фини со усташите кои бегаат од пиедесталот во Атина“, пишуваше на транспарентот.

Дел од навивачите ги исвиркаа Гробарот поради нивниот гест и транспарент, па скандираа „цигани, цигани“. Од нивниот поред се огради и управата на Партизан.

„Партизан сака да укаже на неразбирање на одредени настани и несогласување со одредени процедури на кои бевме сведоци вечерва. Иако сите се свесни дека хетерогеноста во размислувањата и ставовите за различни прашања е нешто што ги карактеризира навивачите на Партизан, клубот се оградува од сите навреди кои беа упатени на вечерашниот натпревар, од различни страни на Арената. Исто така, клубот не го разбира неодговорниот испад и палењето факели во салата, што сигурно ќе доведе до строга казна и ќе го понижи угледот на Партизан, за кој заедно се боревме“, се вели во полноќното соопштение на црно-белите.

Партизан синоќа ја победи Валенсија (79-66) во последното коло од регуларниот дел и на тој начин го заврши настапот во најелитното клупско натпреварување за оваа сезона.