Партизан немилосрден: Задар „замрзна“ на минус 39 во Белград!

Кошаркарите на Партизан го завршија регуларниот дел во АБА-лигата со убедлив триумф од 113-74 против Задар и така му се одмаздија на хрватскиот тим за поразот во првиот дел од сезоната.

„Црно-белите“ имаа фуриозен старт пред околу 5.000 навивачи во „Штарк Арена“ во Белград и на полувреме заминаа со предност од 55-41, додека во вториот дел целосно го декласираа ривалот за големо славје.

Најефикасен во победничкиот тим беше Аврамовиќ со 18 поени, додека Смит постигна 16 поени, а на спротивната страна по 15 запишаа Жганец и Дрежњак.

Партизан во плејофот во АБА-лигата ќе игра против Игокеа, додека Задар ќе се соочи со Будуќност.