Партизан ангажира тренер чиј последен меч беше пред четири години кога доби отказ во – Скопје!

Српскиот кошаркарски гигант Партизан од следната сезона од клупата ќе биде предводен од црногорскиот стратег Владо Шчепановиќ, за кого ова ќе биде прва задача како прв тренер по пауза од четири години, кога беше отпуштен во - Скопје.

Тогаш тој седеше на клупата на Будуќност, а клучно за неговото заминување беше поразот од Карпош Соколи во ноември 2016 година во меч од АБА-лигата. Оттогаш работеше само како помошник, прво во Бамберг, а потоа и во Партизан, каде што сега добива шанса да го предводи црно-белиот состав.

Четирите месеци минати како стратег на „ѓетиќите“ од Подгорица се единственото искуство на Шчепановиќ како прв стратег, што делумно ги загрижува навивачите на гигантот од Белград. Тој е прославен поранешен кошаркар со светско и европско злато со СР Југославија, како и со четири шампионски титули во оваа земја и две во Грција. Има играно за екипи како Будуќност, Партизан, Ефес Пилсен, Панатинаикос, ПАОК, Гранада...

Шчепановиќ доаѓа на местото на Италијанецот Андреја Тринкијери.