
Пантер со емотивно писмо се збогува со Партизан и со Гробарите (ФОТО)
Тој мина три сезони во црно-белиот дрес и беше миленик на публиката, која и тоа како ќе му остане во сеќавање со оглед на емотивна порака на „Инстаграм“ со која им кажа збогум на Гробарите.
„Последните три години во Партизан беа тешки, но и феноменални низ добри и лоши времиња и многу сум благодарен за се што ми се случи овде. На сите луѓе, особено на децата и младите кошаркари, се надевам дека ве мотивирав и дека би бев инспирација да бидете најдобри што можете. Гробари, ви благодарам за вашата неверојатна поддршка и во добро и во лошо. Жељко, ти ми даде шанса да бидам капитен во Партизан, ми веруваше и веруваше во мене. Неверојатно е колку сум ти благодарен“, напиша Пантер.