Откриени деталите од несреќата: Кузмиќ го возел Поршето, следи голема истрага!

По автомобилската несреќа, во која тешко беше повреден кошаркарот на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ е откриено дека тој го возел уништеното Порше.

Првите резултати од истрагата на сообраќајната несреќа покажале дека Кузмиќ бил возач на неговото возило, а се судрил со друг автомобил, кој го управувал Марко Мијатовиќ.

Уште се истражуваат точните причини за несреќата, а земани се и примероци од крв за да се провери дали бил под дејство на алкохол или некои други. Сепак, се сомнева дека грешката била во преминувањето на возачот на Порше во спротивната лента. Се сомнева и на брзина поголема од дозволената, а тоа ќе биде потврдено наскоро.

Кузмиќ во моментов е во болница во Белград, кадешто се рехабилитира.