Новитет во АБА2: Македонските тимови ќе играат по еден меч на секои - две недели!

Освен поголемиот број екипи (од 14 на 16), новиот распоред со две фази по групи и плејоф во кој ќе се игра до две победи, а не како до сега на кош разлика, новитет во претстојната сезона во АБА2 ќе биде и играњето на секои две недели.

Предводниците на јадранското натпреварување поради големиот број натпревари во склоп на едно коло (осум) решија секоја рунда да биде одиграна во различни недели. Тоа значи дека МЗТ Скопје, Пелистер и Работнички, кои ќе бидат македонски претставници во оваа конкуренција, ќе имаат пауза од 14 дена помеѓу секој дуел во АБА2, што, пак, ќе му помогне на КФМ да не дојде до хаос во календарот на домашното првенство.

На денешната ждрепка беше одредени аеродромци да играат против Хелиос, Цедевита јуниор и Теодо Тиват, битолчани се во група со Подгорица, Широки и Вршац, додека тимот од „Градски парк“ ќе биде битки со Војводина, Сутјеска и Босна. Сезоната почнува на 24 септември.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

1. КОЛО: МЗТ – Теодо, Работнички-Сутјеска (24/25.09), Пелистер-Широки (1/2.10).

2. КОЛО: Цедевита јуниор–МЗТ, Војводина-Работнички (8/9.10), Подгорица-Пелистер (15/16.10).

3. КОЛО: МЗТ-Хелиос, Работнички-Босна (22/23.10), Пелистер-Вршац (29/30.10).

4. КОЛО: Хелиос–МЗТ, Босна-Работнички (5/6.11), Вршац-Пелистер (12/13.11).

5. КОЛО: Теодо-МЗТ, Сутјеска-Работнички, Широки-Пелистер (3/4.12).

6. КОЛО: МЗТ-Цедевита Јуниор, Работнички-Војводина, Пелистер-Подгорица (17/18/12).