Николиќ: Нема оправдување за слабата партија на МЗТ, ама - има уште да се игра!

МЗТ Скопје со една нога е во АБА2-лигата по вечерашниот пораз на гостувањето кај Борац Чачак (84-105), што секако донесе нерасположение кај тренерот Драган Николиќ, кој и покрај тоа покажа дека не се предава.

Српскиот стратег потенцира дека нема оправдување за слабата партија, но и дека има уште да се игра.

„И пред да дојдам ситуацијата беше многу тешка и клубот се обидуваше да се спаси од испаѓање од АБА играјќи на три фронта. Се плашев дека ќе паднеме енергетски кога е најпотребно, за жал, тоа се случи сега. Тоа беше периодот во 15 минута, немавме енергија за да сериозно му пружиме отпор на разиграниот Борац. Причината е во тоа што ние играме на повеќе фронтови, додека други клубови играат само на еден. Сепак, немаме оправдување за ваков лош натпревар со слаба енергија. Ова е многу болен пораз за нас, ќе видиме како ќе тераме до крајот бидејќи има уште многу да се игра во оваа сезона“, изјави Николиќ по поразот.

МЗТ Скопје останува последен на табелата со скор 4-19, додека Борац е на 6-17. До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште три кола, а за избегнување на директното испаѓање на аеродромци им требаат сите победи како и сите порази на противникот.