Никола Калиниќ е МВП на сезоната во АБА-лигата

Кошаркарот на Црвена Звезда, Никола Калиниќ е МВП на регуларниот дел од сезоната во АБА-лигата по гласањето во кое учествуваа тренерите, новинарите и навивачите. 

Српскиот репрезентативец доби вкупно 39,7 отсто од гласовите и го победи до индивидуалното признание Јака Блажиќ од Цедевита Олимпија, кој освои 16,6 отсто од гласовите, а трет беше Џастон Кобс од Будуќност со 10,9 отсто. 

Калиниќ сезонава бележеше просек од 11,3 поени, 3,4 скока и 3,3 асистенции по натпревар и ја предводеше Црвена Звезда до првото место во регуларниот дел од сезоната.