Неверојатен гаф: Цибона го „пензионира“ погрешниот Богдановиќ (ФОТО)

Бојан Богдановиќ реши да ја заврши кошаркарската кариера, откако не успеа да се рехабилитира по тешката пвореда на стапалото поради кое мораше да направи две операции во последните 14 месеци, а неговиот поранешен клуб Цибона направи неверојатен гаф.

Цибона, каде што играше Богдановиќ од 2009 до 2011 година, му посвети објава на социјалните мрежи, но направи гаф поради кој стана мета на потсмев.

„Богдан Богдановиќ ја заврши кариерата. Поранешниот кошаркар на Цибона, Богдан Богдановиќ се збогува од кошарката“, објави Цибона.

Објавата стоеше неколку минути по што грешката беше корегирана, но и покрај тоа клубот се најде на мета на потсмев кај навивачите.

Богдан Богдановиќ, инаку, е уште активен кошаркар и го носи дресот на Лос Анџелес Клиперс, како и српската репрезентација.

Фото: Facebook/KK Cibona