Навивачите на Олимпијакос го скандираа името на Перо Антиќ (ВИДЕО)
Антиќ беше еден од гостите на Принтезис како негов поранешен играч. Кога Македонецот беше најавен од официјалниот спикер, целата арена го испрати со овации.
Тие почнаа да го скандираат неговото име, а целата ситуација можеби ќе траеше и подолго ако Антиќ не ги запреше со говор во чест на славеникот.
Свеченоста беше поради повлекувањето на дресот со бројот 15 на Олимпијакос кој го носеше Јоргос Принтезис.
Антиќ и Принтезис играа заедно во Олимпијакос од 2011 до 2013 година, тие заедно освоија две титули во Евролигата.