
На Обрадовиќ му го погрешија името, па си помисли да не е – скриена камера (ВИДЕО)
Тој наместо Жељко, предводникот на црно-белите го нарече Душко Обрадовиќ, со што предизвика насмевка не само кај сите присутни и тие што го гледаа ова низ директен пренос на интернет, туку и кај самиот стратег на белграѓани. Тоа како дополнително да го збуни портпаролот на подгоричани, кој и во вториот обид повторно го нарече Душко Ивановиќ.
Ова, пак, го примора тренерот на Партизан да се посомнева дека нешто се случува, па гласно се запраша дали е тоа скриена камера, не верувајќи дека има вработен во кошаркарски колектив на Балканот кој правилно не го знае неговото име и презиме.