На меч од АБА: Судијата погоден со топка директно во – глава (ВИДЕО)

Несекојдневна ситуација беше видена на синоќешната средба помеѓу Задар и Спортски центар (71-76), на која во последната секунда со топка во глава беше погоден судијата Дамир Јавор.

Во ситуација кога кошаркарите почнаа да се поздравуваат, Американецот во таборот на домаќинот, Џастин Едвардс, се обиде да направи додавање преку целиот терен, кое заврши директно во делителот на правдата.

Тоа, секако, не беше намерно, поради што изостана било каква реакција од судијата, а со тоа и било каква казна.