МЗТ ги доби термините за четвртфиналните дуели во АБА2-лигата

МЗТ Скопје се избори за пласман во четвртфинале во регионалната АБА2-лигата, каде што ќе се соочи против екипата на Младост.

Македонскиот тим ги доби термините за натпреварите против Младост, а тоа се на 20 април и 22 април од 12 часот.

Освен МЗТ и Слобода, на 20 и 22 април ќе играат и тимовите на Слобода Ужицце и Студентски центар, додека на 19 и 21 април ќе се соочат Спарс – Златибор, односно Борац Бања Лука – Подгорица.

Натпреварите од полуфинале се очекува да бидат одржани на крајот од април, додека во мај е закажано финалето.