МЗТ експресно најде замена за Максвел – доскорешен соиграч на Марк Гасол!

Актуелниот македонски шампион, екипата на МЗТ Скопје, експресно најде замена за Еван Максвел, со кого пред неколку дена го раскина договорот, откако денеска го официјализира потписот на договорот со српскиот интернационалец, Александар Бурсаќ (27 год, 205 см).

Станува збор за искусен крилен центар, кој одлично ја познава АБА-лигата со оглед што четири години беше дел од неа како кошаркар на ФМП (2015-2019), а две како член на хрватски Задар (2020-2022). Негов последен клуб е шпанска Џирона, каде што настапуваше заедно со легендата на „црвената фурија“, Марк Гасол.

Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува да го има в недела против Мега МИС (21 часот) во меч од 8. коло од АБА-лигата.