„Марка“ го состави југословенскиот дрим-тим: Страв и трепет за секого!

„Големата победничка спортска балканска држава беше расцепкана со војна. Оваа држава освојувше медали каде и да се појавеше, но откако се разделија, медалите едноставно исчезнаа“, вака гласи најавата на познатиот шпански весник „Марка“, кој реши да се позанимава со кошаркари од бивша СФРЈ  и да состави „дрим-тим“ од нив.

Марка состави тим од играчите на таа имагинарна Југославија, а беовското трио би го сочинувало Милош Теодосиќ, еден од најдобрите европски играчи на таа позиција во последните десет години, потоа Василије Мициќ, кој во последните сезони го покажа својот голем потенцијал во квалитет, и ветеранот Горан Драгиќ. ѕвездата на Мајами што ја водеше Словенија до европската титула.

Ова трио е надополнето со Богдан Богдановиќ, еден од најголемите таленти на Стариот континент, кој е докажан во НБА-лигата, Бојан Богдановиќ, шутер со „мека рака“, и Немања Бјелица, кошаркар кој игра совршено на позицијата три или четири и е играч кој прави разлика.

Секако, тука е и Лука Дончиќ кој би имал посебен статус во хипотетичката репрезентација на Југославија. Неговиот талент, квалитет и разноврсност го прават играч кој покрива која било од надворешните позиции затоа што неговиот напаѓачки арсенал е незапирлив, бидејќи секој што се наоѓа на спротивната страна најдобро го знае тоа.

Во рекетот би бил, Никола Јокиќ, Бобан Марјановиќ, Дарио Шариќ и Бојан Дубљевиќ.