Македонскиот селектор повторно обвинува: Нè навредуваа и челниците на Црвена Звезда

Новиот македонски селектор, Драган Бајиќ со неговиот тим Игокеа загуби од Црвена Звезда со 2-1 во полуфиналето од плејофот во АБА-лигата. 

Бајиќ за „Новости“ уште еднаш ги искоментира случувањата за време на мајсторката во Белград. Тој е разочаран од односот на „црвено-белите“, раководството на клубот и организацијата на натпреварот.

„На Звезда и ја честитав победата, бидејќи на паркетот беше и повеќе од заслужена, но постојаните навреди навистина ме погодија. Доаѓаа и од луѓето од раководството на Црвена Звезда и од навивачите. Лично можам да истрпам многу работи, а она што го доживеавме ме погоди само поради моите играчи. Тоа се момчиња, кои се годиште на моите деца и навистина ми беше криво“, изјави Бајиќ.

„Нè навредуваа полни два часа, колку што бевме во салата. Заради тоа сум огорчен. Тој што го организираше сето ова, добро знаеше што прави и нека му служи на чест. Тоа навистина не е убаво и ние со ништо не го заслуживме тоа“, додаде македонскиот селектор.

Предводникот на Игокеа смета дека сето тоа навредување било организирано и оркестрирано.

„Убеден сум 100 отсто дека сето ова беше намерно. Дали имаше доза на страв од резултатот, па се решија за таква тактика, не знам. Дека беше организирано - беше. Особено ако се семе в предвид колку луѓе имаше во салата“, заврши Бајиќ.