Лоша вест за МЗТ: Бараж ќе нема, само првакот на АБА2 ќе добие место во елитата!?

Дека АБА-лигата од година во година станува максимално несериозно натпреварување покажуваат и информациите од денешното Собрание (трето во две недели) на кои, засега неофицијално, било потврдено проширувањето на лигата како и приемот на Дубаи.

Новина од овој состанок на клубовите е што е донесена одлука само шампионот на АБА2 да избори промоција во јадранската елита и да нема бараж помеѓу последно пласираниот од АБА и тимот што најдалеку ќе стигне во доигрувањето, а нема да биде од Србија, секако во случај ако српски тим биде најдобар на крајот за што шансите за огромни. Со ова дополнително се намалуваат шансите на МЗТ Скопје за враќање меѓу најдобрите во регионот бидејќи аеродромци сега не треба само да го мина Широки во четврт-финалето туку ќе треба да триумфираа во финалето во конкуренција на состави како Спартак Суботица и Војводина, кои имаат двојно па и повеќе поголем буџет.

На состанокот повторно не присуствувале Партизан и Будуќност, поради што постои надеж дека и овие одлуки нема да бидат официјализирани, особено за делот за баражот бидејќи досега немало случај во ниту едно поквалитетно кошаркарско натпреварување правилата драстично да се променат на само пет дена пред стартот на плејофот.