Легендарниот Вујошевиќ ѝ се враќа на кошарката и тоа во најлузерскиот тим од Романија!

Поранешната легенда на Партизан, Душко Вујошевиќ, по двегодишна пауза повтори ѝ се враќа на клупската кошарка и тоа изненадувачки како советник на тренерот Михаи Силвасан во романската екипа Универзитатеа Клуж.

Станува збор за изненадувачка одлука на еден од најдобрите стратези на просторот на поранешна СФР Југославија, особено ако се знае дека ќе биде ангажиран во клуб кој во минатата сезона беше еден од најслабите во Романија и кој на крајот имаше скор од само три победи и 24 порази.

„Среќен сум што станав дел од сериозен тим со големи амбиции. Не ми беше лесно да ја прифатам понудата, но од собраните информации сфатив дека станува збор за екипа која сака да го достигне европското ниво на кошарка“, изјави Вујошевиќ.

Последен ангажман на српскиот тренер беше репрезентацијата на БиХ со која го мина првиот квалификациски циклус за пласман на СП 2019, но потоа мораше да се повлече поради болест. На Вујошевиќ неодамна му беше извршена трансплатација на бубрег во Истанбул, која најверојатно минала како што треба со оглед на неговата желба да ѝ се врати на клупската кошарка.