Куманово го доби македонското дерби против дебитантот ТФТ во БИБЛ-лигата

Кошаркарите на Куманово тргнаа со триумф во новата сезона од БИБЛ-лигата, откако со на домашен паркет со 90-83 го совладаа ТФТ. 

Куманото одлично го почна натпреварот па во првото полувреме во неколку наврати имаше предност од +14 поени. На полувремето резултатот гласеше 50-38. ТФТ се разбуди во третиот период и со 16-4 стигна до негатива од сами три поени. Во финишот ТФТ притискаше, но Куманово не дозволи целосен пресврт и ја осигура победата од 90-83. 

Дури шест играчи на Куманово имаа двоцифрен ефект во нападот, а најефикасен беше Дамјан Робев со 15 поени. Лахлан Андерсон беше најдобар кај новиот македонски прволигаш ТФТ со 20 поени.