Кошаркарските легенди од регионот се исплакаа на последното збогување со Ивковиќ (ФОТО)

Славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ денеска беше погребан во Белград. Кремот на европската и светската кошарка се собра да го испрати во вечното почивалиште. 

Неговите најблиски пријатели како Жељко Обрадовиќ, Владе Дивац, Дино Раѓа, Предраг Даниловиќ, Жељко Паспаљ и Јуре Здовц го носеа ковчегот. На погребот беше присутен и првиот човек на македонската кошарка Перо Антиќ, кој соработуваше со Ивковиќ во Олимпијакос при освојувањето на Евролигата во 2012 година.

Тука беа и Василис Спанулис, Димитрис Итуидис, првиот човек на црногорската кошарка Никола Пековиќ и многу други сегашни и поранешни кошаркари.

Ивковиќ почина во болница во Белград минатиот четврток поради течност во белите дробови и херпес, а имаше 78 години.