Кошаркарска легенда на Партизан има бизнис надвор од спортот – произведува ракија!

Партизановата кошаркарска легенда Предраг Дробњак, кој направи блескава кариера играјќи во НБА, во Евролигата, освојувајќи трофеи и две светски и едно европско злато со тогашна СР Југославија, откако се пензионираше влезе во бизнис кој нема врска со спортот.

Иако станува збор за кошаркар кој за развој на играта под обрачите во Србија би бил добредојден секаде, сепак центарот родум од Бјело Поље (Црна Гора) избра да се занимава со овоштарство и со производство на ракија. Со кошаркара заврши во 2011 година и Ираклис е негов последен клуб, а веќе седум години се занимава со производство на ракија. Неговата ракија го има брендот „Пирум“, а овоштарници има во шумадиското село Наталинци во близина на Топола.

„Еден пријател кој работеше за фирма која се занимаваше со овоштарство, поточно со јаболки, ме поврза со производител од Болцано (Италија), кои се најголемите одгледувачи на јаболко во Европа, скоро 20 до 25 отсто од севкупниот европски пазар им припаѓа на нив. Ме заинтересира приказната, па заминав во Италија да го посетам регионот и бев импресиониран. Сè ми се допадна, од пристапот, начинот на работа... И така во обиколките на производителите на јаболка, се запознав и со еден производител на круши, а токму поради него се решив да го одгледувам тоа овошје“, ја почнува приказната Дробњак..

Скоро две децении кариерата му мина со кошарката, кариерата ја почна во Партизан и играше од 1992 до 1998, па потоа три години во Ефес Пилсен, па четири во НБА во Сиетл Суперсоникс, ЛА Клиперс и Атланта Хокс, а потоа следеа настапи за Тау Керамика, повторно Партизан, Жирона, Бешикташ, па повторно Ефес Пилсен и последните две години ги мина во Солун од 2009 до 2011 година, прво во ПАОК, па во Ираклис. Сепак, за разлика од кариерата која му течеше како од соништата, производството на ракија засега не е така големо, ама се надева дека во иднина ако ништо ќе го освои српскиот пазар.

„За сега купуваат само угостителски објекти и некои поединци. Оваа крушковка е потполно нешто ново на нашиот пазар, но не планирам да биде во слободна продажба, туку да се нарачува преку интернет-сајт. Колкав ќе биде родот на круши, толку ќе има и ракија. Производството е лимитирано. Годинава од приносот од круши лани излезе да имаме 4.900 шишиња. Ние на сајтот планираме да ставиме колку точно производство имаме на годишно ново, за да се знае сè транспарентно, ама и ракијата да биде помалку ексклузивна. Планирам оваа ракија да биде – коњак од круша!“, додава Дробњак.

Тој не е прв кошаркар кој после кариерата под обрачи да влзе во нива, зашто пред него Урош Трипковиќ, Дарко Миличиќ, Ненад Крстиќ, Душко Савановиќ, сите репрезентативци, исто така влегоа во бизнис со земјоделство и овоштарство.