Кошаркар на Задар тргна да забива, па за малку ќе скршеше врат (ВИДЕО)

Кошаркарот на Задар, Лука Божиќ, играше фантастично на дуелот против Морнар во Далмација, па постигна 19 поени, а едно од неговите забивања можеше многу скапо да го чини.

Во моментите кога гостите направија поголемо водство, Божиќ во една акција тргна да забива, а потоа загуби рамнотежа и падна, па лесно можеше да си го скрши вратот.

Падна на лице, но за среќа претходно ги постави добро рацете, па успеа да се спаси од посериозна повреда.