Катастрофа на Ц. Звезда и тоа пред очите на легендарниот Кукоч!

Кошаркарите на Црвена звезда сензационално загубија од Сплит на гостински терен со 85-78 во третото коло од АБА лигата.

Црвено-белите како фаворит отпатуваа во Сплит, но поразени се враќаат во Белград, тоа за нив е веќе вториот загубен меч во трите одиграни кола од АБА лигата.

Натпреварот беше неизвесен, со пресврти, клучна беше последната четвртина која ја доби Сплит со 25-17 и дојде до триумф од 85-78.

Недовиќ со 16 поени беше најдобар во составот на Црвена звезда, исто толку постигна и Скара во редовите на Сплит.

На трибините на овој меч беше легендарниот Тони Кукоч кој на Сплит му донесе три титули шампион на Европа. Тој беше задоволен од она што го виде денеска.