Невнимание на Баерн во 94. минута го чинеше два бода во Франкфурт! (ВИДЕО)
Во дербито на 6. коло во Бундеслигата, Ајнтрахт Франкфурт успеа да му откине два бода на Баерн Минхен и со гол во 94. минута да му ги помати сметките на фаворитот.
Гостите поведоа по 15 минути игра, Кин Мин Џае донесе 0-1. Сепак, за брзо време се случи целосен пресврт, Мармуш изедначи на 1-1 во 22. минута, а Екитике донесе 2-1 за домаќините во 35. минута од мечот.
Потоа следеша одговор на „баварците“, Упамекано се погрижи на пауза да се замине со 2-2, а Олисе на стартот од вториот дел реализираше за нов пресврт и 2-3.
И кога се чинеше дека лидерот на табелата ќе ги однесе трите бода, Ајнтрахт направи контра во 94. минута а Мармуш го матираше Нојер за 3-3 и огромна радост на „Дојче Банк Парк“.