Лукебакио е човек на одлука - со гол го реши дербито во Андалузија (ВИДЕО)

Дербито во Андалузија на „Санчез Писхуан“ заврши со победа на Севилја со 1-0 против Бетис, а единствениот погодок беше дело на Доди Лукебакио.

Бетис беше подобар противник во првото полувреме и се закани дури шест пати, но Севилја во вториот дел ги презема работите во свои раце, а притоа реализираше и пенал во 50. минута.

Лукебакио со удар од белата точка го матира Силва во 50. минута, а потоа Севилја се закани уште неколку пати, но резултатот не се промени до последниот судиски свиреж.

Севилја и Бетис имаат по 12 бодови и се наоѓаат на делба на 10. место заедно со Жирона.