Легендарен кошаркар бегал по кал низ шума за да се спаси од големата поплава во БиХ!
Телетовиќ едвај спасил жива глава кога почнало невремето, затоа што бил заглавен со неговото теренско возило во близина на хидроцентралата. Две свлечиште му го блокирале патот, по што кошаркарот морал да го остави возилото и да бега по кал низ шума за да си го спаси животот.
„Морал да го остави возилото и низ шума по кал да бега за да стигне до неговиот дом на безбедно“, открива негов пријател во разговор со медиумите.
Поранешниот босански кошаркар во кариерата играше за Бруклин нетс, Феникс санс и Милвоки бакс во НБА-лигата, но го носеше и дресот на Слобода Тузла, Телиндус Остенде, Саски Басконија и КК Турбина.