Пелистер лесно го освои Кавадарци, 39 поени на Стевановиќ за Кожув во поразот од Чаир

Кошаркарите на Пелистер беа пресилни за Тиквеш во Кавадарци (96-84), додека Чаир славеше со 99-79 против Кожув на почетокот на сезоната во македонската лига.

Пелистер доминираше на паркетот во Кавадарци, па така на полувреме замина со 49-37, додека до крајот на третата четвртина зголеми на 76-57 и на Тиквеш не му остана ништо друго освен да го ублажи поразот во последните 10 минути од средбата.

Чаир беше пресилен за Кожув на домашен терен (99-79), иако имаше лош почеток на мечот и Кожув ја доби првата четвртина со 28-20.

Кошаркарите на домашниот тим во вторите 10 минути ја „стопија“ предноста на ривалот на само еден поен на полувремето (40-41), по што доминираа во вториот дел и триумфираа со 99-79.

Најефикасен кај Чаир беше Американецот Мофит со 26 поени, додека Стевановиќ постигна 39 поени за Кожув.