Прекрасен гол на Сучиќ: Атлетико се враќа само со бод од Сан Себастијан (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид освои само бод (1-1) на гостувањето кај Реал Сосиедад во деветтото коло од шпанската Ла Лига.

Хулијан Алварез уште во првата минута му донесе предност на тимот на Диего Симеоне, кое гостите од Мадрид го чуваа сè до 84. минута, а потоа на сцена настапи Хрватот Лука Сучиќ.

Сучиќ со прекрасен удар од голема далечина го матира Јан Облак и му обезбеди бод на тимот од Сан Себастијан.

Атлетико остана на третата позиција со 17 бодови, додека Реал Сосиедад е на 15. место со девет бода.