Де Хеа е кошмар за Милан, им одбрани два пенали на „росонерите“ (ВИДЕО)

Шпанскиот голман Давид Де Хеа е вистински кошмар за фудбалерите на Милан бидејќи им одбрани два пенали во вечерашниот меч во Фиренца.

Тео Ернандез во 46. минута не реализираше удар од белата точка, односно Де Хеа го прочита неговиот удар, а потоа слична судбина доживеа и Тами Абрахам во 56. минута.