Како може Дончиќ да игра за Словенија, а Јокиќ да не сака за Србија!

Никола Јокиќ уште еднаш ја разочара српската спортска јавност, откако потврди дека летово нема да настапи за кошаркарската репрезентација, прво на квалификациите, а потоа и на ЛОИ во Токи ако се пласира.

Неговата официјална потврда беше очекувана, а како оправдување беше наведена сугестијата од Денвер нагетс летото да го искористи за одмор и рекуперација, а не за играње во дресот на националниот тим. Србите се гневни на него, бидејќи го споредуваат со Лука Дончиќ, кој набрзо по крајот на обврските кон Далас маверикс и без речиси никаков одмор, се упати на подготовките на Словенија.

„Нема одмор за мене. Одам назад кон Словенија и веднаш почнувам со тренизните“, изјави Дончиќ по крајот на сезоната со „телињата“.

За Јокиќ ова ќе биде четврта година по ред како ќе ја ескивира репрезентацијата, со оглед што последен негов настап беше на ЕП 2017 година.