Јокиќ ќе се соочи со Адетокумпо пред Олимписките игри

Кошаркарската репрезентација на Србија ќе одигра пријателски меч против Грција на 22 јули во Белград пред почетокот на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Медиумите од регионот пишуваат дека дуелот е закажан за следниот понеделник, но сè уште нема официјална потврда од репрезентациите.

Во календарот на Србија последна проверка е мечот против Јапонија на 21 јули, а сигурно пресметка со Грција ќе биде вистински тест за капацитетот пред настапот на игрите.

Грција во Париз ќе игра во групата А со Канада, Австралија и Шпанија, додека Србија е во групата Ц со Јужен Судан, САД и Порторико.