Ја тепаше девојка му, носеше пиштол, па сега ќе игра за ПАОК!

Поранешниот НБА-кошаркар Кевин Портер Џуниор во следниот период ќе игра во Грција, откако потпиша едномесечен договор со ПАОК, а соработката може да биде продолжена ако тимот се пласира во плејофот на грчкото првенство.

Грчките медиуми пишуваат дека кошаркарот ќе добие 10.000 евра за да одигра четири меча за ПАОК, но засега не се откриваат дополнителни детлаи.

Во ноември 2020 година Кевин предизвика сообраќајка, а полицијата му пронајде и оружје. Сепак, неколку години подоцна направи уште посериозен прекршок и ја претепа неговата девојка, по што Хјустон веднаш направи трејд во Оклахома, која го отпушти.