Хорор во Косово: Избодени двајца навивачи по кошаркарски натпревар

По финалето на кошаркарскиот шампионат на Косово се случил голем инцидент во кој двајца навивачи се здобиле со убодни рани од остар предмет. 

Трепчка го победи тимот на Голден Игл Јили со 67-66 во мајсторката од финалето во косовоскиот кошаркарска шампионат. Двајца навивачи по дуелот биле избодени во тоалетот на кои морало да им биде укажана лекарска помош. 

Косовската полиција го потврди инцидентот и веќе трага по сторителите.