Гробари се истепаа помеѓу себе и го пцуеја Вучиќ на спектаклот во чест на капитенот (ВИДЕО)

Спектакуларниот пријателски меч помеѓу Партизан и Анадолу Ефес (92-85) во чест на долгогодишниот капитен на црно-белите Новица Величковиќ, меѓу другото донесе и скандалозни сцени на трибините и скандирања кои не доликуваат на ваков величествен настан.

Гробари за време на средбата се степаа помеѓу себе, а речиси веднаш по овие искри на трибините дел од нив почнаа да го навредуваат српскиот претседател, Александар Вучиќ со погрдни скандирања.

Грдите сцени брзо беа надминати и тоа по интервенцијата на полицијата, за потоа да почнат да преовладуваат емоциите, кои кулминираа со говорот на Величковиќ, кој се расплака на паркетот.