„Гробари“ му приредија изненадување на Обрадовиќ - му дојдоа во хотелот и му свиреа на клавир (ВИДЕО)

Голема победа запиша Партизан на гостувањето кај Алба во Берлин со која остана во игра за пласман во плејинот од Евролигата.

Иако играше во германската престолнина, српскиот тим имаше огромна поддршка од трибините во Убер арената, а расположението оттаму се префрли во хотелот во кој престојуваше експедицијата на Партизан.

Група навивачи дојде таму и на клавир му засвире на Жељко Обрадовиќ една од навивачките песни. Трофејниот стручњак со задоволство го прифати изненадувањето и запеа со нив.