Грчки ПАОК со 16 тројки го торпедира шампионот на Македонија!

Македонскиот шампион МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз во петтиот контролен меч во пресрет на новата сезона, откако попладнево загуби на гостувањето кај ПАОК (53-97).

Составот од Солун имаше фантастичен шутерски ден, што резултира со дури 16 постигнати тројки. Ваквото торпедирање брзо им донесе висока предност, која на полувремето изнесуваше плус 22 (53-31), за до крајот таа да биде удвоена. Бојан Крстевски со девет поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје Аеродром, додека Еван Максвел, Андреј Магдевски и Дамјан Стојановски постигнаа по осум поени.

Претходно, сино-белите беа подобри од Арис, Здравље Лесковац, Борац Бања Лука и Младост Земун, последните две од „Земун купот“ каде што триумфира. Избраниците на тренерот Александар Петровиќ в сабота најверојатно уште еднаш ќе ги одмерат силите со ПАОК, овој пат во „Јане Сандански“, а првиот официјален дуел ќе го одиграат на 28 септември и тоа против ТФТ во македонскиот Суперкуп.