Галил Елион пресилен „залак“ за Академија ФМП

ФМП Академија запиша убедлив пораз од Галил Елион во рамки на 2.коло од групата А во БИБЛ-лигата. 

По изедначената прва четвртина, гостите од Израел заиграа многу подобро па брзо дојдоа до двоцифрена предност. На полувремето беше 42-53 за гостите, а во вториот дел предноста само се зголемуваше и во еден момент дојде до највисоки +25. ФМП успеа само да ја намали разлигата во финишот за конечни 82-102.

Итај Московиц со 17 поени беше најефикасен во редовите на победничкиот тим, додека кај скопскиот состав најмногу се истакна Бреа Ивеј со 19 поени. 

Следниот натпревар ФМП го игра против Макаби Некст Урбан Хаифа кон крајот на ноември.