Дончиќ веќе е миленик на навивачите во Лос Анџелес - доби мурал со Коби! (ВИДЕО)

Никој во Далас се уште не се помирил со заминувањето на Лука Дончиќ, а за тоа време во Лос Анџелес веќе прераснува во вистински миленик на навивачите.

Иако одигра само два скромни натпревари за Лејкерс, Дончиќ стана миленик на фановите и доби мурал рамо до рамо со Коби Брајант и тоа доволно зборува каков статус има словенечкиот кошаркар во клубот и градот.

Муралот е направен така што Брајант го пречекува Дончиќ во Лос Анџелес и му порачува да го чува наследството во Лејкерс.