Делии во транс: Теодосиќ и следната сезона во црвено-белиот дрес!

Еден од најдобрите српски кошаркари во последнава деценија, Милош Теодосиќ, и следната сезона ќе го носи дресот на во Црвена звезда, откако потпиша нов едногодишен договор со актуелниот српски и регионален првак.

Станува збор за 37-годишен кошаркар и долгогодишен капитен на Србија, кој лани врати во српската кошарка по 16 години играње за најдобрите европски клубови и во НБА лигата. Иако се шпекулираше за негово останување во клубот, откако не се појави на доделувањето на пехарот за освојувачот на српската Суперлига, сега е официјализиран потписот на новиот договор.

Теодосиќ кариерата ја започна во ФМП, која на една сезона го испрати на позајмица во Борац од Чачак. После тоа, тој играше за Олимпијакос и ЦСКА Москва пред да помине две сезони во ЛА клиперс. Потоа се врати во Европа и помина четири години во Виртус од Болоња, а сега е јасно дека ќе помине најмалку две години во Црвена звезда.