Црвена Звезда е пред потпис со шампион од НБА лигата!

Кошаркарите на Црвена звезда со големи амбиции ја започнаа новата сезона, но таа не почна како што посакуваа навивачите со оглед на изненадувачкиот пораз на гости кај Дубаи во првото коло од АБА лигата.

Овој меч покажа дека на црвено-белите им треба засилување на позицијата крилен центар, кој би можел да преземе одговорност и да биде стартер во клучните натпревари. Филип Петрушев долго време беше поврзуван со враќање во Белград, но тој останува во Олимпијакос поради што управата на клубот најави „план Б“.

Во центарот на вниманието на Ц. Звезда сега е 26-годишниот Канаѓанец, Ошај Брисет, доскорешниот кошаркар на НБА шампионот, Бостон Селтикс. Тој е 201 сантиметри крилен центар без искуство со настап во Европа, а пред да му се приклучи на шампионот играше за Торонто Репторс и Индијана Пејсерс.