Цибона скапо ја плати паузата во АБА-лигата: Го отпушти тренерот, но и готвачката!

Регионалната АБА-лига е прекината поради пандемијата на коронавирусот и моментно не се знае кога и дали истата ќе продолжи.

Факт е дека клубовите трпат голема финансиска криза поради неиграњето натпревари, а тоа на своја кожа прва го почувствува Цибона, која со години се бореше со овој проблем, односно со недостаток на пари. Овој клуб штотуку излезе од „пред стечајната спогодба“ и не можеа да ги решат документите поврзани со новите економски мерки на хрватската влада, па се одлучија за радикален потег.

Поради немање пари, Цибона го отпушти целиот стручен штаб, заедно со тренерот Иван Велиќ.

Директорот на двократниот европски првак истакна дека ова не се „откази, туку мерки“, бидејќи не можат да сметаат на приходите од градот Загреб заради коронавирусот и земјотресот кој неодамна го погоди градот, а откако кризата ќе заврши и ситуацијата ќе се нормализира.

Разговарав лично со секој од тие десет луѓе, а тоа не се само мои соработници, туку и мои пријатели, браќа и сестри, изјави директорот на Цибона за хрватски „Индекс“.

Меѓу оние кои добија отказ, покрај членовите на стручниот штаб, се и физиотерапевтот, тим-менаџерот и готвачката. Засега, ниту еден од кошаркарите не е на „удар“.