Братство-единство во Кина: Во дрес на Хрватска со сето срце навиваше за – Србија! (ФОТО)

Во групата навивачи на Србија на денешниот натпревар против САД, кој заврши со победа на селекцијата на нашиот северен сосед, помалку невообичаено можеше да се види и човек облечен во дрес на Хрватска, кој постојано скокаше и се радуваше на секој успешен потег на избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ.

Станува збор за сплиќанец кој во моментов живее во кинескиот град Гвангжу, кој е стотина километри оддалечен од Донгуан каде што се играше пресметката кој многумина ја очекуваа во големото финале, а не за пласман од 5-8 место на Мундобаскетот. Тој во ниту еден момент не покажа ниту трошка од вообичаениот анимозитет кој најчесто владее помеѓу Србите и Хрватите, па дури и немаше проблем да се фотографира со српско знаме.

Неговиот потег, сепак, не беше со одушевување прифатен ниту во Србија ниту во Хрватска, судејќи според коментарите кои читателите од двете држави ги останаа под текстови објавени во медиумите во оваа држава.