
„Бомба“ од Белград: Легенда на Ц. Звезда се враќа на кормилото за да го оживее гигантот
Српските медиуми пишуваат дека Обрадовиќ се договори со „црвено-белите“ и наскоро треба да биде промовиран како тренер на Ц. Звезда.
Обрадовиќ во кошаркарската кариера имаше три мандати во Ц. Звезда како играч, односно играше за тимот од Белград од 1987 до 1993, па во 1994 и на крајот од 1999 до 2000 година.
Искусниот стратег е без работа од ноември 2024 година кога доби отказ од Монако по поразот од Басконија во Евролигата и Ле Ман во францускиот шампионат.
Црвена Звезда оваа сезона ја почна со порази од Олимпија Милано, Задар и Баерн Минхен.
Фото: KK Crvena zvezda