„Албанците сакаат да ни ја украдат АБА само зашто премиерот им носи – патики Адидас“

Првиот човек на кошаркарскиот тим на Црвена звезда, Небојша Човиќ, е познат како контроверзен спортски работник, без влакно на јазикот, што го покажа и во најновото интервју за српски „Новости“, во кое зборуваше и за најавата за кошаркарско обединување на Албанија и Косово.

Станува збор за идеја за формирање заедничка лига, за која покана за настап има и за македонски екипи, меѓу кои веќе има и два заинтересирани второлигаши – Шкупи и Албес. Реакцијата на Човиќ доаѓа по најавите дека лигата би добила кратенка АБА (албаниан баскетбол лиг) со што би била идентична и на реномираната и светски призната АБА-лига на најдобрите екипи од просторот на поранешна СФР Југославија.

„Ова е смислена провокација што нема врска со спортот. Пред неколку години тим од Приштина сакаше да влезе во нашата АБА-лигата, но доби одговор дека тоа може да го направи преку федерацијата на Србија за која Косово сѐ уште е дел од српската држава. Ова е нивен одговор со окупација на името и желба да дојде до збунување во јавноста. Тоа што тие го имаа смислено не може да биде ниту паднан на АБА, ниту пак своевиден филтер за влез во АБА. Сведоци сме на претензиите кои Албанците ги имаат кон Србија, но и кон Македонија, Грција и Црна Гора, па сега сакаат да почнат со некакво спортско обединување пред тоа да биде политичко. Идејата да направат своја АБА-лига најверојатно е водена од фактот што нивниот премиер, Еди Рама, е познат што нон-стоп носи патики Адидас“, изјави во свој стил Човиќ.

Оригиналната АБА-лига во моментов е во прекин поради пандемијата со коронавирусот и тоа без најава дали во скора иднина ќе продолжи.