„Воините“ на Стеф Кари ја прекинаа историската серија на Феникс санс (ВИДЕО)

Екипата на Феникс санс имаше 18 победи во низа сезонава во НБА, серија која им траеше до ноќеска, кога беше прекината на гостувањето кај Голден стејт вориорс (118-96).

Тоа беше рекордна низа во историјата на „сонцата“; која, сепак, не го издржа „притисокот“ на фантастичниот Стеф Кари и неговие „воини“, кои со овој триумф се вратија на врвот од табелата во Западната конференција. Плејмејкерот средбата ја заврши со 23 поени и по пет скока и асистенции, а идентичен поентерски ефект имаше и Ајтон, кој беше најпрецизен кај Феникс.

Во Лос Анџелес се одигра градското дерби, во кое како подобри излегоа „гостите“ од таборот на ЛА Клиперс, совладувајќи го далеку попознатиот цимер Лејкерс (119-115). Маркиф Морис со 21 поен беше најпрецизен во победничкиот тим, додека на „езерџиите“ не им помогна ниту одличната партија на двоецот Леброн Џејмс-Ентони Дејвис, кои средбата ја завршија со 23 поени и 11 скока односно 27 поени и 10 скока.. Клиперси сега се шест на Западот, престигнувајќи го градскиот ривал.

РЕЗУЛТАТИ: Индијана пејсерс – Мајами хит 104-113, Вашингтон визардс – Кливленд кавалирс 101-116, Атланта хокс – Филаделфија 76-ерс 96-98, Бруклин нетс – Минесота тимбервулфс 110-105, Хјустон рокетс – Орландо меџик 118-116, Далас маверикс – Њу Орлеанс пеликанс 91-107, Јута џез – Бостон селтикс 137-130, Голден Стејт ворирос – Феникс санс 118-96, ЛА лејкерс – ЛА клиперс 115-119.