Во Шарлот има место само за еден Супермен: Џордан го избрка Двајт Хауард!

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, реши летово да направи чистка во тимот на Шарлот Хорнетс каде што е еден од сопствениците, а прв кој доби „клоца“ е центарот Двајт Хауард.

Популарниот Супермен е испратен во Бруклин нетс како дел од трампата со која „стршените“ ќе го добијат рускиот ветеран Тимофеј Мозгов, како и пари и избор од втората рунда на драфтот во 2018 и 2021 година. Главна причина за ова е ослободување од огромниот договор на Хауард, кој следната сезона трена да заработи 23,8 милиони долари и да се ослободи простор за ангажирање на некое звучно име.

Бруклин, пак, добива квалитетен центар, кој во Шарлот делумно ја врати старата форма, откако беше целосно исфрлен од ритам додека настапуваше за Хјустон и за Атланта.