Вестбрук ќе во остане во Лејкерс и ќе инкасира огромно богатство

Расел Вестбрук изминатата сезона не се прослави во дресот на Лос Анџелес лејкерс. И покрај шпекулациите дека ќе си замине, кошаркарот ја искористи опцијата да продолжи во тимот и за следната натпреварувачка година. 

Со автоматското продолжување на договорот, следната сезона Вестбрук ќе добие плата од фантастични 47,1 милион долари. Крајниот рок за продолжување на соработката е среда, а според новинарот Адријан Војнаровски, официјалните документи веќе се поднесени во лигата. 

Лани одигра 78 натпревари за Лејкерс со просек од 18,5 поени, 7,4 скока и 7,1 асистенција.