Тројца кошаркари на Њу Орлеанс имаат Ковид-19

Њу Орлеанс пеликанс објавија дека тројца играчи на тимот се позитивни на коронавирус, но клубот не ги објави нивните имиња.

Ова се последни случаи позитивни на Ковид-19 во НБА-лигата, а тоа може сериозно да направи проблеми за предвидениот рестарт на сезоната во Дизниленд, Орландо кон крајот на месецов.

„Кога ќе имаат два негативни теста по ред, ќе можат да се вратат на работа со тимот“, изјавија од таборот на Пеликанс.

Вчера Денвер го затвори својот тренинг-центар, откако две лица од тимот биле позитивни на Ковид-19. Двајцата требале да патуваат со тимот во Дизниленд, но исто така не се објавени нивните имиња. Од таборот на Нагетс позитивен е нивниот најдобар кошаркар Никола Јокиќ, кој се зарази при престојот во Србија. Тој и натаму чека дозвола да се врати во САД.

Пред два дена и двајца кошаркари на Бруклин, Спенсер Динвиди и Деандре Џордан исто така беа позитивни на коронавирус. Оваа зголемена бројка на случаи дефинитивно го става под знак прашалник рестартот на сезоната