Тренерот на Денвер воодушевен од Јокиќ: Да имам ќерка, би ја омажил со Никола!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со години сите ги воодушевува во НБА-лигата, па така и во неговата екипа Денвер Нагетс.

Поранешниот НБА-кошаркар, Попај Џонс на почетокот на годината го замени Мајк Мелоун, кој беше позитивен на ковид-19, па имаше само пофални зборови за Јокиќ.

„Никола е посебен. Тој е тип на момче за кој би си ја омажил ќерката, ако ја имам. Би сакал мојата ќерка да го донесе дома Јокиќ и да ми каже: Тато, ова е човек за кој сакам да се венчам“, вели Џонс.

Јокиќ блеска сезонава во НБА-лигата и во просек постигнува по 25,8 поени по натпревар.