Торонто им набива комплекс на Лејкерс, ноќ од соништата за Ворен – 53 поени (ВИДЕО)

Торонто Рапторс осигледно се вистински кошмар за ЛА Лејкерс, па сето тоа го докажаа и синоќа со новата победа со 107-92 за продолжување на шестгодишната серија без пораз започната уште од 2014 година.

Леброн Џејмс даде 20 поени, Ентони Дејвид погоди 14, но тоа не беше доволно за Лејкерс, како и преселувањето после пандемијат на Флорида, за тимот од ЛА да ја прекине црната серија од 12 меча без победа во пресметките со „рептилите“. Клучен период за Торонто да стигне до убедлива победа, беше завршницата од последната четвртина, кога направија серија од 10-0 во период кога Џејмс одмараше на клупата, па на најдобар начин ги искористија 17-те грешки и ужасниот шут од 35 отсто во послендиот период.

Кајл Ловри со 33 поени, 14 скока и шест асистенции беше предводникот на Торонто за триумф, но овој пораз нема да им ја загрози сигурната прва позиција на Западот на Лејкерс во однос на Клиперс, кои синоќа поставија рекорд со 25 тројки за да го прегазат Њу Орлеанс Пеликанс со 126-103. Пол Џорџ даде 28, а Каваи Ленард 24 поени во триумфот.

Сепак, херој на вечерта, е Ти Џеј Ворен со неговите 53 поени, во ноќта од соништата на кошаркарот на Индијана за триумф против Филаделфија. Ворен погоди 20 од 29-те шутеви, од кои девет тројки од 12 обиди. Џоел Ембид имаше фантастична вечер со 41 поен и 21 скок, ама сето тоа беше залудно, кога Ворен едноставно беше незадржлив.

РЕЗУЛТАТИ: Мајами – Денвер 125-105, Оклахома – Јута 110-94, ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 126-103, Индијана – Филаделфија 127-121, Торонто – ЛА Лејкерс 107-92